„Цветната улица“ по стоти пат во Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци денеска ја слави јубилејната стота изведба на претставата “Цветната улица”, во режија на Наташа Поплавска. Во таа чест претставата ќе се одигра два пати и тоа дневна изведба од 10 часот која е организирана за ученици од основни училишта, додека пак вечерната изведба ќе се одигра со почеток во 19 часот…
“Цветната улица” е заеднички проект на Театарот за деца и младинци од Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Македонија и независната театарска куќа „Арт медиа“ од Скопје, а премиерно беше изведена во јуни 2012-та на сцената на театарот.
Драматизацијата на претставата е на реномираниот писател за деца Киро Донев, а подлошка за текстот е направeнa според брошури на Европската Унија наменети за подигање на свеста кај најмладите во доменот на Еклогијата и заштитата на здравата животна околина.

