Д-Р АГОЛИ ОД ДЕБАР: НЕ СЕ УПЛАШИВ И СЕ СПРЕМИВ ПСИХИЧКИ ЗА ТОА ШТО СЛЕДУВА
Докторот од Дебар Арбен Аголи во гостување на ТВ 21 изјави дека успеал да го победи корона вирусот со смиреност и терапија.
„Многу смирено ја примив таа вест. Не се уплашив воопшто и психички почнав да се подготвувам за тоа што следи, а тоа е 14 дена самоизолација во домашни услови и подлегнување на терапија која ми беше препорачана од колегите од Инфективната клиника“, вели Аголи.
Докторот соопшти дека целиот тим од двајца доктори и три медицински сестри се заразиле од семејство кое дошло во болницата, за кое подоцна се испоставило дека е позитивно на Ковид 19.