Д-Р АРБЕН ТАРАВАРИ: ЕДИНСТВЕНИОТ ИЗЛЕЗ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НЕГОВАТА ДЕПОЛИТИЗАЦИЈА

Интервју Истакнато Позиција

Д-р Арбен Таравари е роден на 9 април 1973 во Гостивар. Лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“. Таравари е оженет и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик. На локалните избори во 2017 година Таравари е избран за градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот против-кандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта.

Трибуна: Г-не Таравари пред извесно време преку Вашиот facebook профил објавивте дека ситуацијата во образованието во Вашата општина е ужасна. Опишете го ужасот со кој се соочувате?

Арбен Таравари: Образованието генерално во Македонија, па и во Гостивар е максимално политизирано. Во мојот град за жал училиштата изгледаат како да се објекти од 19 век, а во нив директоруваат луѓе кои се присилно поставени од централната власт, тие се луѓе за кои од ревизиите направени од општината постојат многу сомнежи за злоупотреби, луѓе кои седат повеќе во партиските канцеларии на ДУИ отколку во училиштата, во веќе испразнетите училишта, професори се партиски активисти на ДУИ, така да има луѓе со средно образование кои што предаваат математика, или историчар кој што предава физика. Наставници и учители кои се понижен и условени да не можат да зборуваат и да критикуваат. Пред извесно време се случи директорот на едно училиште заедно со неговиот син со оружје да нападнат и да претепаат наставници во самото училиште, СКАНДАЛ! И што е најлошо, тој сѐ уште е директор на истото училиште без да се покрене било каква иницијатива за сменување или одговорност на истиот. Во Гостивар, постои училиште без кров, и училишта кои сѐ уште се греат на дрва. Училишта во кои нема ниеден компјутер и проектор. Училишта во кои ако планираш да се вработиш, документите за пријава ги носиш во штабот на ДУИ. Училиште во кои има повеќе наставници, отколку деца. Има ли нешто поужасно од тоа?!

Трибуна: Училишната година почна, дали според Вас наставниот кадар и пред сѐ учениците не се најголемите жртви на таа „ладна“ војна што ДУИ ја води со Вас како градоначалник од опозицијата и Вашата администрација?

Арбен Таравари: За жал да, најмногу од тоа што ДУИ се обидува да ме попречи во секојдневното функционирање како опозициски градоначалник, страдаат гостиварчани и нивните деца во училиштата. Јас во Гостивар се соочуваам со една опозиција (ДУИ) кои се на власт повеќе од 16 години, додека тие се на власт, од Македонија заминаа околу 700 илјади граѓани, тие го растурија образовниот систем, здравствениот систем, сигурноста на граѓаните итн. Но, повеќе да се задржам на образованието, пред 2002 година, Гостивар имаше релативно солидни и комфорни училишта, со релативно добри наставници, и после 16 години владеење на оваа партија сѐ е растурено, расипано и дегенерирано.

Трибуна: Каков е Вашиот план за излез од настанатата ситуација?

Арбен Таравари: И за време на кампањата минатата година, меѓутоа и по преземањето на локалната власт, кажав дека ОБРАЗОВАНИЕТО МОРА ДА СЕ ДЕПОЛИТИЗИРА!!! Нема друг излез, нема друга опција. Како градоначалник, почнав да ги посетувам училишните совети и на нивните состаноци да ги барам од нив најдобрите можни решенија за раководители на овие институции. Во почетокот наставниците се чудеа, не им се веруваше, беа научени некој од надвор да им назначи директор. Меѓутоа овој начин на комуникација со нив, даде добри резултати. Беа избрани луѓе кои јас никогаш ги немав сретнато во животот, меѓутоа се ценети во своите колективи, а мене тоа ми требаше. Овие мерки имаа многу добар одек низ градот, огромно задоволство во училиштата. Во конкурсот за наставници, почнавме да спроведуваме интервју од комисија од наставници, и просекот од студии, тоа исто така беше прифатено многу добро од училишните колоари и од самите граѓани. Почнавме со ситни меѓутоа позитивни инвестиции во училиштата. Овие позитивни чекори во павец на деполитизација на образованието ги заплаши одредени раководители на ДУИ во Гостивар, кои почнаа секојдневно да одат кај министерката за образование за да ми ги земаат ингеренциите. И тоа се случи. Одземени се ингеренциите само во општина Гостивар. Депресија и огромно разочарување во сите училишта. Продолжува старата политика на уништување на образовниот систем, за жал!

Трибуна: Дали според Вас, на дното на сите проблеми не се крие фактот што Вашиот избор за градоначалник на Гостивар ги „испомеша“ плановите на ДУИ за политичка доминација во оваа општина? Има ли според Вас личен момент во оваа „игра на ингеренции“?

Арбен Таравари: Јас сакам законот да важи исто за сите, ништо повеќе! Јас ги сменив сите директори на училиштата, и Рамиз Мерко истото го направи во Струга. Во Гостивар важи законот, а во Струга не важи! Се шегувам, повеќе од јасно. Имаме сигурни информации дека на министерката Десковска и е направен огромен притисок во Гостивар да бидат одземени ингеренциите за образование. Се поставува прашањето зошто? Во шестата изборна единица, од каде излегуваат околу 15 патеници Албанци за време на парламемтарните избори, од вкупно 9 општини, во 4 од нив доминира Алијансата за Албанците (Гостивар, Боговиње, Врапчиште градоначалници, и во Општина Брвеница, најголем број на гласови во советничките листи) наспроти ДУИ, која доминира само во 2 општини. Оваа е огромем ризик за ДУИ да на следните парламентарни избори ја изгубат изборната единица 6, па затоа прават секакви опструкции и пречки, со цел Алијансата да се престави пред граѓаните како неспособна партија, меѓутоа тие знаат да ценат и знаат од каде доаѓаат сите пречки за нивниот град. За „личен момент” и не сакам да дискутирам, тоа може многу едноставно да се констатира, само ви треба едноставен спонтан разговор со 5-10 случајни граѓани во Гостивар.

Трибуна: За крај едно малку поопшто прашање. Кои се Вашите следни проекти како градоначалник и дали се соочувате со „сопки“ во нивното остварување од страна на државната власт, бидејќи не сте дел од „одбраното друштво“ на Али Ахмети?

Арбен Таравари: Сопките, пречките, опструкциите, инспекциите и полициските акции се секојдневие во Гостивар, тоа ни стана и како некој начин на живеење, меѓутоа ние функционираме безпрекорно. Секојдневно промовираме: канализации, нови водоводни мрежи, асфалтирања, аква парк, детски катчиња, нови градинки, нови спортски игралишта, професионален центар за третирање на бездомни кучиња, спортски и културни настани. Општина Гостивар е транспарентна и отворена општина за граѓаните. Се надевам да бидеме како пример за нов начин на владеење, со поставување на нови стандарди, нормално тоа ќе биде резултат на една алтруистичка и амбициозна елипа на млади и искусни професионалци, на чело на која имам чест да бидам јас.