|

Д-р Софијанова: Мултисистемски инфламаторен синдром се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, две недели по ковид-19

Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но, неопходно е секој случај внимателно и претпазливо да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организираат со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.

Проф. Софијанова на почетокот на настанот истакна благодарност до Лекарска комора за европски и напреден начин на делување и можности за зближување на основ на стручност и професионалност и истакна дека во предавањето кои го презентираа се споделуваат искуствата и сознанијата на престижни педијатриски центри за лекување на Ковид 19, искуства од Клиниката за детски болести, како и податоци објавени во релевантни научни студии.
Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk



Слични Објави