УРАГАНОТ ЛОРА ПРИСТИГНА ВО САД: ТЕКСАС И ЛУИЗИЈАНА ВО ГОЛЕМА ОПАСНОСТ (ВИДЕО)

Ураганот Лора стигна до копното во југозападниот дел на американската сојузна држава Луизијана како „исклучително опасен“ ураган од категоријата четири на скалата од пет, јавуваат метеоролозите.

Американскиот национален центар за урагани соопштил дека невремето го зафати копното во близина на Камерон, Луизијана, со максимален ветер од 240 километри на час.

Јачината на ветерот порасна до 240 километри на час со што е најсилниот ураган кој досега годинава ги погодил САД. Метеоролозите предупредуваат дека силните ветрови би можеле да уриваат згради, откорнуваат дрва и да фрлаат возила како играчки.

Властите ги замолија жителите на крајбрежните места во Тексас и во Луизијана да се евакуираат, но тоа не го сторија сите пред силните ветрови да почнат да удираат дрвја во областа која беше разорена од ураганот Рита во 2005 година. Бурата се засили за речиси 87 отсто за само 24 часа и стана, соопшти Националниот центар за урагани.

„Веднаш засолнете се! Однесувајте се како да доаѓа торнадо и веднаш засолнете се. Заштитете ги своите животи!“, стои во последното предупредување од Националниот центар за урагани.