МИЛОШОСКИ: ОВА ЌЕ БИДЕ ВЛАДА НА ГОЛЕМИ ЕКОНОМСКИ РАЗОЧАРУВАЊА

Затоа секое ветување за економски напредок и за инвестиции е една голема лага како што беше и оваа лага, изјави на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

loading...

Оваа влада само на денот на експозето на владата може да има добри фази за добра економија, а со секој ден од денес па натаму самите ќе бидете сведоци на економски неуспеси, а единствено нешто што ќе се зголемува нема да бидат инвестициите, туку цените, невработеноста и иселувањето од Македонија. Секоја сабота и недела во Македонија во Битола, Штип, Гостивар, Куманово, Струга, Тетово и на други места видете колку автобуси се полни со дипломирани лекари, инженери, физиотерапевти, мајстори. Државата се празни затоа што власта е неспособна на оние коишто заминуваат да им создаде фер шанса да најдат работни места, не слушнавме ниту една фабрика која е отворена во Македонија, а имаме состав на влада каде ниту еден министер не е задолжен за привлекување на странски инвестиции, истакна Милошоски.

Тој додаде дека ова е влада која создава недоверба на граѓаните како во случајот со Евростандард банка каде и Заев и министерката имале сензитивни информации и истите ги злоупотребиле за да на крајот сфатиме дека знаеле за ризичните пласмани, а министерката и блиските си ги повлекле парите.

По однос на коалицијата е персоналниот состав тука ги гледам Артан Груби и предложената министерка за образование Мила Царовска и ќе ве потсетам на еден случај во кој од двајцата нив беше нарече скандал. Царовска во јануари 2019 излезе со обвинување дека директорите од ДУИ во фондот за пензиско и инвалидско осигурување оштетиле 12.000 граѓани со тоа што не им ги префрлале парите на нивните сметки, и со тоа направиле злоупотреба на 18 милиони евра. Потоа имавме реплика од страна на Груби и ДУИ каде што беше посочено дека доколку постои таков скандал одговорноста е кај Царовска. Тоа значи дека кога има потреба за забава на јавноста за манипулирање и дефокусирање на граѓаните се посочуваат одредени скандали, за на крајот тие кои го обзнаниле скандалот и си ја префрлале одговорноста треба да бидат колеги во влада на која граѓаните требало да и веруваат, вели Милошоски

Тој вели дека слушнавме експозе во кое новиот Клинички центар е ветен по десетти пат, 2016 година, 2017 кога формираа влада, па потоа не им беше соодветна локацијата и во 2018 година ќе го градеа во Ѓорче Петров, пред изборите Заев рече дека техничката влада нема да го попречи градењето, за денес повторно да слушнеме дека ќе биде изграден Клинички кој неколку пати беше ветен дека ќе се гради.

Македонија две години по ред е на листата на земји со хибриден режим, таа листа има 4 категории, целосна демократија, нецелосна демократија, хибриден режим и авторитарен режим. Во хибриден режим Македонија е во друштво со Мозамбик, Мали, Пакистан, Боцвана и Сенегал. Тоа е нивото на демократијата на поделбата на власта и на владеењето на законите во Република Македонија. Ниво дадено со оценка од лондонскиот Економист, истакна тој.



loading...

Милошоски потсети дека СДСМ вети дека ќе формира институција кредитен правобранител и беше објаснето дека тој ќе ги штити граѓаните и правните лица и ќе и овозможи подобри услови и подобра сигурност пред банките по однос на камати, кредити

Наместо кредитен правобранител, нам ни се случи втор ТАТ. Да имаме пропаѓање на една банка со претходно знаење на министерката финансии и дотогашниот премиер дека имала ризични пласмани. И со тие кои што претходно знаеле и биле блиски до нив да си ги повлечат парите а 30.000 пензионери и можеби уште 10.000 правни лица да останат незаштитени и оштетени. Затоа сметам дека оваа влада ќе биде влада на големи економски разочарувања, нагласи Милошоски.