|

Патот Берово – Струмица прооден за сите видови возила

Од 10.30 часот патот Берово – Струмица е прооден за сите видови возила, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.0.2024 година.



Слични Објави