|

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави нова програма за поддршка на младите лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

„Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник. Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска и стручна поддршка за млади лица до 29 години“, изјави д-р Трајановски.

Според него, програмата ќе овозможи грантови за стартапи до 4.000 евра по апликација, како и обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање. Покрај тоа, ќе бидат достапни и консултантски услуги за пристап до национални и европски фондови.

„Целта е да се намали невработеноста кај младите и да се зголеми бројот на активни претприемачи во нашата општина,“ нагласи Трајановски.

Тој им упати порака на младите дека токму тие се двигателите на промените:
„Драги млади, вие сте клучот на промените. На 2 ноември да се избориме за подобра иднина и за општина која ќе биде ваш партнер.“

Со оваа мерка, д-р Трајановски најавува конкретна поддршка за младите иноватори и претприемачи, со цел Аеродром да стане локална средина што поттикнува развој, иновации и самовработување.



Слични Објави