|

Дали Ковачевски утре ќе ги открие имињата на новите министри?!

Новиот лидер на СДСМ и иден премиер Димитар Ковачевски,пред божиќните празници водел интензивни поединечни разговори со кадрите што треба да ги предводат ресорите во идната влада, а начелните договори треба конечно да се потврдат на денешните состаноци на Бихаќка и да се официјализираат на утрешните седници на партискиот извршен и централен одбор, пишува Фокус.

Како што објави Фокус, и денеска Ковачевски одби да ги открие луѓето со кои ќе соработува во идната влада, истакнувајќи дека станува збор за „тим од нови луѓе и докажани кадри од претходната влада“ кои, како што рече, имале добра реализација и резултати во своите ресори и од нив очекува „максимално посветена работа и фокус на приоритетите од програмата“.



Слични Објави