|

Фејсбук статус на Арбен Таравари поради кој ДУИ бурно реагира: Веднаш да го избрише и да се извини!

Градоначалникот на Гостивар, воедно генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во текот на денот на Фејсбук објави пост за Хитлер и Втората светска војна.

-Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило. Во време кога почнала да се намалува донекаде во воената моќ на Хитлер и мапата на неговите освојувања почнала да се урива, еден од неговите команданти го известил за овие работи и го замолил да се повлече од војната бидејќи биле убиени многу невини луѓе, меѓу нивните многу деца. Хитлер категорично му се спротивставува со образложение народот гласаше за нас, сега и тој нека трпи смрт!

Овој пост за ДУИ е скандалозен. Испратија соопштение во кое се бара Таравари веднаш да го повлече постот, а неговата партија да го осуди ова.

-Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката во Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна и бесмислена и провокативна метафора напишана на неговата страница на Фејсбук.

Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, граѓани и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари, велат од ДУИ.



Слични Објави