ДАЛИ ЗНАЕТЕ ПО ШТО Е ПОЗНАТ ДЕЧКОВО СО „НЕВИНИОВ“ БРК НА СЛИКАВА?

Батево се вика Сергеј Карјакин и не… не е сериски убиец. Тој е најмладиот шахист признаен за велемајстор во историјата на шахматот. Сергеј бил само на 12 години и 7 месеци кога влегол во светот на најголемите мајстори на овој спорт/игра за паметни луѓе. За вас не знам, ама јас на негови години едвај чекав да заминат моите на работа и да отидам кај еден комшија (2 години постар од мене), оти имаше видео и на истото можевме да гледаме vhs касети со германско ретро порно, со главни ликови раскошната млекарка Гертруде од Баварија  и обдарениот автолимар Рудиѓер од Турингија. Само за извештајот ќе спомнам дека Рудиѓер имаше брк копиран од Гоце Делчев и џигерици слични на џигериците на Халид Муслимовиќ.

Слични Објави