ДЕДОТО НА МАЛАТА ТАМАРА ДОБИ СЕДУМ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР
Љупчо Стојановски, дедо на починатата Тамара Димовска од Велес е осуден на седум ипол години ефективна казна затвор за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Според судијата Софија Лаличиќ намерата на Стојановски, да го убие Тодоров е видлива.
Обвинителството смета дека Стојановски во јуни 2017 година со умисла се качил во воз од Велес за Скопје. Прво се упатил кон домот на Тодоров, а откако не го нашол го начекал пред министерството и кон него испукал еден куршум, кој според обвинителството не завршил во неговата глава, оти Тодоров рефлексно се наведнал.
Стојановски има рок од две недели за жалба до Апелацискиот суд.

