МЕ НАУЧИ ДА БИДАМ САМА

//

Ме научи да бидам сама, нема да се изненадиш кога нема да ми бидеш потребен… И нема да можеш да се сетиш на сите ситници за кои ти зборував… Никогаш и не ме праша како се чувствувам. Ме научи дека никогаш нема да си тука за мене ни како мој пријател. Не се изненадувај кога нема да се пронајдеш во моите планови. Секое твое НЕ, за мене беше план за иднината но без тебе. Твоите постапки во мое присуство покажаа дека со ништо не му значам на твојот живот, немој да се изненадиш кога ќе откриеш дека повеќе не ми недостасуваш. Никогаш и не покажа дека ти недостасувам, никогаш не рече ТЕ САКАМ, јас на никој начин не почувствував дека ти го збогатувам животот. И немој да те чуди што нема да одговарам на твоите повици и пораки, јас бев единствената што не ја загрозив врската, бев таа која секогаш си го прилагодуваше распоредот само да ги задоволам твоите потреби а ти никогаш и не знаеше кои се моите обврски. Јас бев таа која вложуваше во нас и нашата врска, вложував сé додека не сфатив дека тебе воопшто и не ти е грижа. И не се изненадувај ако почувствуваш оддалеченост а јас повторно си ја барам смислата на животот и на крај разбрав дека заслужувам многу повеќе од ограниченото, и дека на некого ќе му станам видлива. Кога оганот што гореше меѓу нас се претвори во мраз и сите слатки зборови да станат горчливи, да гледам во тебе а да не чувствувам ништо. И запомни: ТИ ме научи да престанам да ТЕ САКАМ и немој да се чудиш што заминувам ти никогаш и не ми даде причина да останам….

Автор: Фросина Китановска





Претходна статија

ДЕДОТО НА МАЛАТА ТАМАРА ДОБИ СЕДУМ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР

Следна статија

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Најново од Истакнато