Румен Радев од Брисел: Бугарија останува на својата позиција за РС Македонија

//

Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати. Сите обиди за притисок врз Бугарија се контрапродуктивни. Тие го успоруваат процесот и тоа треба да го разберат сите, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

„Повеќето од нашите партнери го разбираат проблемот. Тоа оди многу подалеку од идејата за историски спор меѓу две соседни земји. Ова е проблем кој длабоко ги погодува темелите на самата ЕУ. Тоа се вредностите и принципите што ги исповедаме – човекови права и недискриминација, вели тој.

„Досега на сите совети, од мај, разговарав, со сите европски лидери со лидерите на европските институции на тема Македонија. Сакам да им се заблагодарам бидејќи по втор пат оваа година темата за проширување, особено за РС Македонија, е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем, рече Радев.

Тој додава дека ќе продолжи да ја брани бугарската култура и историја и почитувањето на правата на македонските Бугари.



„Со Макрон се сретнавме во Стразбур и тој ја знае бугарската позиција, па не очекувам притисок. Имаме јасен договор со претседателот на Франција, вели Радев.

Претходна статија

Интелектуален банкрот

Следна статија

Александров: Бугарија не може да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија

Најново од Вести