| |

Дел од програмата на „ПРО-ЗА Балкан“ ќе се одржи во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Бугарскиот писател и сценарист Николај Терзијски е меѓу гостите на 14. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој од 13 до 15 септември се одржува во Скопје со учество на 14 писатели, издавачи и уредници од регионот и пошироко.

Терзијски ќе биде претставен на свеченото отворање на фестивалот на 13 септември во Музејот на Град Скопје, заедно со годинашниот добитник на наградата „Прозарт“, српскиот писател Драган Великиќ, и други автори од Балканот и Европа.

Дел од програмата на 15 септември ќе се одржи во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Од 13 часот Гергана Панчева ќе одржи предавање на тема „Предизвиците и главните столбови на книжевната промоција во недоволно застапените региони“.

Потоа, од 13:30 до 14:30 часот, во Центарот ќе се одржи средба на учесниците на програмата „Скопје Fellowship“ и тркалезна маса на тема „Иднината што не знаеме да ја замислиме“, со модератор Владимир Јанковски.

Фестивалот го организира издавачката куќа „Прозарт медиа“, а меѓу поддржувачите е и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.



Слични Објави