ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГДУ ОДДАДЕ ПОЧИТ ПРЕД ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БУГАРСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ВАСИЛ ЛЕВСКИ

Делегација на Граѓанско Демократската Унија денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Васил Левски на бугарската амбасада во Скопје, во спомен на 148-та годишнина од смртта на големиот бугарски револуционер. На комеморативниот собир пред присутните со пригоден говор се обрати амбасадорот на Р. Бугарија, Ангел Ангелов. Во чест на Левски беше прочитана и песната „Обесването на Васил Левски“, на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев.

loading...


loading...