|

Денеска 378 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје се регистрирани 118, а во Тетово 114 нови случаи. Токму во овие два града во изминатите неколку денови бројката на заразени се зголемува.

Регистрирани сe 25 оздравени пациенти, а во изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 1618.

Слични Објави