|

Денеска без струја дел од општините Карпош и Ѓорче Петров

ЕВН известува дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Ѓорче Петров.

• Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од делови од улиците: Влае, Франце Прешерн, Ацо Шопов и Драгутин Аврамовски – Гуте, (Општина Карпош);
• Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од зградата бр. 107 на бул. Партизански Одреди, (Општина Карпош);
• Од 12:00 до 18:00 часот, корисниците од ул. Шар Планина, (Општина Ѓорче Петров).

Слични Објави