| |

Денеска почнува судењето на Канческа-Милеска

Во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за изградбата на Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54 милиони денари (околу 880.000 евра).

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство и одлучи прислушуваните разговори да се користат како доказ во судскиот процес против поранешната министерка за култура.

 



Слични Објави