| |

ДЕНКО МАЛЕСКИ ИЛИ СТОЈАН НОВАКОВИЌ?

Сакав некако да го обележам 30 Мај, во чест на Лондонската Декларација од 1913.

Имам големо почитување за ликот и делото на Стојан Коста Новаковиќ, еден од учесниците на Лондонската Мировна Конференција, и ќе беше идеално да му ја честитам успешно завршената минатовековна работа со положување на свежи коприви на неговиот споменик, но немав можност да одам до неговото родно место во Шабац.

Како алтернатива за Стојан Новаковиќ, одлучив да ги посетам и да положам свежи мисли, врз спомениците на неговите блиски соработници во Охрид, Темко Попов, Коста Групче и Наум Евро од Струга.

30 Мај 2020 во Охрид беше жар сончев ден, но околу три часот во попладнето, токму откога излегов, во миг застуде и почна да дува силен југозападен ветар. Езерото беше бесно. Едно дрво лежеше струполено како дело на свевишен забар кој како да го извлекол големиот заб на мудроста. Лежеше дрвото со корените угоре.

Како да и времето беше против мојата идеа да посетам такви споменици на таков вид на Охриѓани и Стружани, какви што биле Темко, Коста Групче и Наум Евриќ.

Покрај тоа што беше 30 Мај како потстетник на Лондонската Мировна Конференција и Стојан Новаковиќ, главната причина што јас решив да ги барам спомениците на дотичните охриѓани и дотичниот стружанец, беше невидената бесрамна кампања и интелектуален линч врз почитуваниот прв Министер за надворешни работи, уважениот професор Денко Малески.

Не постои извор, река, езеро или океан кое може да го измие срамот на сите тие кои го нападнаа синот на стружанецот Владо Малески, храбриот, мирен, и сталожен вистинољубец кој со својот живот и со своите дела покажал дека интелектуално ги сака сите луѓе сосе сите нивни мани и врлини. Јас ги читам уважените колумни на Денко Малески повеќе од една деценија, и сум забележал негова стална природна и нормална метаморфоза и надградба кон подоброто.

Денко Малески со сето што го работел, пишувал и јавно зборувал докажал дека сака мир и пријателство меѓу сите народи и држави на Балканот, и пред се сака просперитетна и напредна Македонија, нудејќи ги своите скромни и добронамерни решенија за комплицираните балкански јазли, јазли, коишто ги врзувале некои други пред нас. Големи, многу големи и многу комплицирани политички злонамерни јазли врзувал Стојан Коста Новаковиќ.

Кој биле Стојан Новаковиќ, Темко Поповиќ, Коста Групчевиќ и Наум Евриќ? Кликнете си на гугл, како што предложи професорот Денко Малески, не е далеку, достапен е за сите.

Памети ли некој кога пред 15 години Денко Малески пишуваше за претците на неговата фамилија? Каква храбра и искрена колумна, браво за Малески. Се сеќава ли некој како го опишуваше своето лице? Се сеќава ли некој на која баба и ги должел неговите густи веѓи?

Ајде сега сите вие што го нападнавте за неговата најнова и најхрабра и најискрена и најдобронамерна колумна, да си земете огледало и најдете ја вашата лична храброст и љубов кон вистината и да си ги побарате своите предци врз вашите лица. Видете ги во вашите лица вашите дедовци и баби и помислете длабоко и долго за нив и за нивните татковци и мајки?!? Имате ли смелост како Денко Малески да напишете храбро и јавно на кого му ги должите вашите лични генетски обележја, и тоа да биде со цел за да дадете личен пример за Балканското зближување помеѓу народите?! Ја има ли некој од вас таа интелектуална и човечка храброст како Денко Малески?!

Немате храброст јавно да го кажете? Е немате. Денко Малески има, и тоа од тој вид на храброст која ја има за цел добронамерноста.

(Целата колумна на Агрон Биба прочитајте ја на www.libertas.mk)



Слични Објави