ВОЗАЧИТЕ ОД ПЕХЧЕВО ШТО НЕ ВОЗАТ НА БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВЕЌЕ ЌЕ ИМААТ ПЕХЧЕВСКИ

/

Возачите од Пехчево добија сопствени регистарски таблички. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „БЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE).

„Одлуката е донесена согласно со правилникот за регистрациски и нивни ознаки и е објавена во Службен весник. Тоа значи дека ознаката ПЕ (PE) отсега ќе биде единствената при регистрирање на возилата на граѓаните кои потекнуваат од пехчевскиот регион“, вели градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски.

Пехчево е последната општина од Пијанечко-малешевскиот регион која досега немаше сопствена регистарска ознака. Претходно, нови регистерски табли со ознаката МК добија жителите на општина Македонска Каменица.



Претходна статија

ХЈУСТОН, ТИЕ НАВИСТИНА ИМААТ ПРОБЛЕМ!

Следна статија

НЕОФИЦИЈАЛНО: ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 90 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И НАЈМАЛКУ 6 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

Најново од Вести