Денков: Навални со години е симбол на борбата против диктатурата во Русија
Ова е тажна вест, Навални е симбол, тој со години е симбол на борбата против диктатурата во Русија, борбата за слобода на говорот, борбата против тоа човек да не биде затворан поради различно мислење. Ова го изјави Николај Денков од Минхен во врска со смртта на Алексеј Навални.
На некој начин се чинеше неизбежно тоа да се случи бидејќи гледавме како чекор по чекор се стега обрачот околу него“.
Според него, испраќањето на Навални во Северната колонија изгледало како смртна казна.
„Тоа е тажно и покажува зошто е важно да се цени тоа што значи демократијата. Многу често луѓето велат: „Но, зошто има толку различни мислења, се збунуваме“, рече Денков.
„Мораме да замислиме дека има друг свет, а тој свет е оној во кој никој не може слободно да го каже своето мислење освен оној на врвот. И ако кажете нешто различно, можете да бидете испратени во Северна колонија. Не треба да го забораваме тоа, бидејќи се има случувано и во нашата држава“, додаде премиерот.

