ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

Единствената асоцијација од областа на фотографијата – Фото сојузот на Македонија, годинава прославува 75 години постоење на македонската фотографска сцена. Во рамките на своето работење Сојузот како носител на фотографската, визуелната и културната традиција на Македонија и оваа година го објави конкурсот за најстариот и најреномиран фотографски настан во нашата држава: „Денови на македонска фотографија“.

На конкурсот може да земат учество професионални, но и фотографи аматери, преку кој ќе успеат да се претстават на пошироката македонска јавност. Како и до сега, фокусот ќе остане на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

Жирирањето на фотографиите кое ќе се одржи на 24ти април ќе биде составено од следните членови: Др.Проф. Цветан Гавровски – Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија, Душан Доцевски – Кандидат мајстор на фотографија на Фото сојуз на Македонија и Мирослав Масин академски ликовен уметник.

Завршната манифестација, секако според соодветните протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители е планирана да се одржи во Охрид од 29ти мај до 1ви јуни на која освен проекции на фотографии ќе биде претставена и инстаграм фотографијата.



Рокот за прием на фотографии е 15.04.2021 година.

Пријавата и пропозициите можете да ги симнете овдe.

Одговори на вашите прашања можете да добиете овде.

Претходна статија

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА РОМАН НА ГОДИНАТА, ВО ПОТЕСНИОТ ИЗБОР ПЕТ РОМАНИ

Следна статија

„СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА“ ОД ВЛАДИМИР ЈАНКОВСКИ Е РОМАН НА ГОДИНАТА

Најново од Култура