|

ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО КОЧАНИ, УКРАДЕНОТО ВРАТЕНО НА СОПСТВЕНИКОТ

Вчера, околу 15 часот, 47-годишна жена во Кочани била нападната по што ѝ биле украдени мобилниот телефон и платежната картичка, известуваат од МВР.

Полициските службеници од Кочани од слобода го лишиле Е. М. (32) од Кочани затоа што околу 15.20 часот, во домот на 47-годишна жена нa улицата Поп Арсов Блаже во Кочани, со употреба на физичка сила, ѝ одзел мобилен телефон и платежна картичка.

Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е. М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети.

По целосно документирање на случајот, против Е. М. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Слични Објави