| |

ДЕНОВИВЕ СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛНО

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот, од понделник, повторно ќе биде нестабилно, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоко. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Слични Објави