ДЕПАЈ РАЗОЧАРАН: НАВИВАЧИТЕ ПЛУКНАА НА НАС!

Лион синоќа успеа да се врати од негатива од 2-0 против Лајпциг пред своите гледачи и да извлече реми со кое се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампиони.

По завршувањето на натпреварот немаше славеничка атмосфера, туку вистински скандал. Мемфис Депај влезе во дуел со еден навивач, кој имаше објавено навредлив транспарент за дефанзивецот Марсело.

Тој влезе во теренот и на банерот имаше нацртано магаре и напишано, „Марсело оди си од клубот“. Депај не можеше да го толерира ова и му се спротивстави на навивачот. За среќа беше избегнат поголем инцидент, а ѕвездата на Лион беше разочаран од односот на дел од навивачите.

„Сигурно дека сум вознемирен, гневен сум“, рече Депај. „Не игравме најдобро, но минавме понатаму. Дадовме сè од себе. Кога некој од соиграчите не е подржан од навивачите, каква реакција очекувате од нас? Кој има време да направи еден таков транспарент? Луѓето имаат деца, одат на работа Кој има време да нацрта магаре на транспарент? Ако имате слободно време за нешто такво, тогаш навистина треба да направите нешто подобро со својот живот. Тие не плукнаа. Никогаш во животот немам видено вакво нешто“, заврши холандскиотрепрезентативец.

Извор: Спорт1



Слични Објави