ДЕТЕ НА 9 ГОДИНИ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ ПО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ЧАИР

„На 22.05.2020 околу 17,00 часот на ул. “Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ф.П.(43) и четирицикл “БПР кан-ам ренегаде“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б.А.(42) од с.Батинци,скопско. Со возило на итна медицинска помош, Ф.П., неговиот малолетен деветгодишен сопатник и Б.А. биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, а малолетникот е во животозагрозувачка состојба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.