|

Дојави за поставени бомби во Народната банка и девет скопски средни училишта

Дојава за поставена бомба утринава стигнала на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Заканувачките мејлови за поставени бомби во училиштата биле пријавени во Секторот за внатрешни работи Скопје околу 9:45 часот утринава, а нешто подоцна, околу 10:10 часот била пријавена и дојавата што ја добила Народната банка.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

За разлика од досегашните дојави за бомби што пристигнуваа исклучиво на електронските адреси на основни и средни училишта, ова е прва дојава за поставена бомба што ја добива државна установа.



Слични Објави