|

ДЕВОЈЧЕ НА 14 ГОДИНИ ПОЧИНАЛО ОД ГРИП НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

„Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девочјето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона“, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.



Слични Објави