|

ДИК ГИ ЗАПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

ДИК денеска на работен состанок ја разгледува владината Уредба за продолжување на изборните дејствија за параламентарните избори и врз основа на неа ќе ги започне активностите за гласање.

Со уредбата, која денеска е објавена во Службен весник и стапи во сила, ДИК е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски за МИА информираше дека врз основа на оваа Уредба, ДИК ќе испрат дописи до МВР и до управите за санкции и за водење на матични книги за прибирање на потребните податоци за граѓаните.

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, ДИК е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.



Слични Објави