СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ЗАКОН: ЖЕНИТЕ НАД 60 И МАЖИТЕ НАД 62 ГОДИНИ, ЌЕ РАБОТАТ ПО 6 ЧАСА-ПЛАТАТА ОСТАНУВА ИСТА

Во министерството за труд и социјална политика во тек е изготвување на Законот за работни односи чие донесување е планирано за годинава, јавува Либертас.

Според информациите предвидено е да се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.

Се предвидува жените работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа, но ќе ја задржуваат целата плата до пензија, а истото ќе важи и за мажите работници со навршени 62 години.