СПАСОВСКИ СО ВТОР НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС ОД УТРЕ СЕ ВРАЌА НА РАБОТНОТО МЕСТО

„Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен.

loading...

Уште денеска останувам во самоизолација согласно протоколот, а од утре повторно во исполнување на редовните обврски од работното место

Да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата реалност.


loading...

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.

Почитувањето на мерките го чува здравјето и животот. Со еден таков заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со КОВИД-19“, напиша на facebook техничкиот премиер Оливер Спасовски.