|

Димитриевски: Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето неповикување на седниците на СДСМ

Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово и поранешен член на СДСМ, кој беше исклучен откако се одлучи да се кандидира за нов мандат како независен кандидат, преку социјалните мрежи порача дека е изненаден од односот на партијата кон него. Како што вели, континуирано не го повикуваат на седниците на ЦО на СДСМ.

-Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ на кои особено вчера очекував да дискутираме за мојот статус во партијата и бараме решенија за најновите состојби во партијата.

Слични Објави