ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ПРЕД ИСТОРИСКИ ЧИН- ОКОЛУ ПОЛОВИНА ЧАС ДО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ
Димитров и Коѕијас се наоѓаат на речиси половина част од можеби најважниот потег во нивните кариери. Подготовките за потпишувањето на Договорот за решавање на спорот за името на нашата земја што ни го наметна Грција се во полн тек. Тоа ќе се случи пред очите на двајцата премиери Ципрас и Заев.
Бројот на меѓународни гости, поканети да присуствуваат на самиот настан, не е мал. Тука се генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и врховниот претставник на ЕУ по прашањата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
По потпишувањето на договорот, премиериерите Заев и Ципрас ќе имаат свое заедничко обраќање, а потоа делегациите на двете земји ќе имаат заеднички ручек во Отешево.