Димитров: РС Македонија го прифаќа договорот со Бугарија формално, како билет за ЕУ, а не како црвста политичка определба

//

„Проблемот со европската интеграција на РС Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки за надворешната политика на земјата.

Ова за БНР го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања и поранешен прв амбасадор на Бугарија во Скопје. Тој додаде дека нема потреба да се свикува Консултативниот совет за национална безбедност на оваа тема. „Топката не треба постојано да се префрла од една во друга институција.

Според него, Северна Македонија го прифаќа билатералниот договор за пријателство и добрососедство како формален чин, како билет за ЕУ, а не како цврста политичка определба.

„Не треба да живееме со идејата за мимикрија на активност, за лажни сигнали дека нешто се случува кога нема резултати“, додаде тој. Проф. Димитров додаде дека зад избрзаните постапки на премиерот Кирил Петков со еуфоричното убедување дека може да се одврзе комплексен јазол, очигледно стојат акции кои остануваат јавно непознати, а тоа создава тензија кај бугарското општество.



Тој нагласи дека нема ништо заедничко меѓу позицијата на Бугарија и руските интереси, а тезата е несериозна и непријатна: „РСМ е држава која е генетски поврзана со Србија и со Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа, навестувањата за бугарска позиција во служба на Русија или Србија се апсурдни. Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на РС Македонија за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се биде внимателен со вакви евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, додаде тој.

Претходна статија

Љубезни инквизитори: нови напади на слободната мисла

Следна статија

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да