|

ДИМИТРОВ: СТАВЕНИ СМЕ НА ТЕСТ ДАЛИ ЌЕ СЕ ИЗДИГНЕМЕ ВОН ИЗБОРНИОТ КОНТЕКСТ, СО ЦЕЛ ВО МАРТ ДА ПРОГЛАСИМЕ ЗАЕДНИЧКА ПОБЕДА

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

– Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители, нагласува тој во интервјуто за МИА, пренесува ТВ 24.

Ќе се ангажира во кампањата, но сè уште не одлучил во која форма, а доколку зависно од исходот од изборите има можност за уште еден мандат на позицијата шеф на дипломатијата не дава конкретен одговор, но додава дека во фокусот му е европската агенда. Ако има можност тоа ќе биде некаде каде што ќе може да направи разлика, но акцентот ќе биде, како што вели, на некоја од покрупните стратегиски битки.

Во однос на завчерашната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оценува дека конзистентност имало во една од клучните пораки што тој ги пренел – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.

Нагласува дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ги и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски, се пред тест дали тоа што постои во сите програми – највисокиот приоритет, европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија е факт или само декларативна заложба.

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави