Динамична година за Струмичкиот театар
Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, најавува мошне амбицозно и динамично темпо во реализација на планираните активности до крајот на годинава…
Покрај “Стаклена менажерија” на Тенеси Вилијамс во режија на Драгана Таневска, “Петтиот чин – Лебедова песна во два гласа”на Љубомир Џурковиќ во режија на Нико Горшиќ, ”Забрането смеење на Миро Гавран” во режија на Игор Ивковиќ и“Животинска фарма” на Џорџ Орвел во режија на Љупчо Ѓеоргиевски – за кои доби поддршка од Министерството за култура во висина од 2.7 милиони денари, планирани се уште две претстави кои ќе бидат финансирани од сопствени средства.
Проекцијата за фестивалски настапи на Струмичкиот театар ги опфаќа официјалните програми на “Војдан Чернодрински” – Прилеп,”Бит Фест” – Битола,”ФКТ Ристо Шишков”,”Денови на комедијата” – Куманово и МФАД “Стоби”во Велес. Од настапите на меѓународната сцена планирано е учества на фестивал во Бугарија и неколку престижни фестивали во Русија. Оваа годинаструмичкиот ансамбл нема да ги заборави ниту најмладите почитувачи на театарската уметност. Во нивна чест предвидена е претстава прилагодена за најмладите со што се заокружува бројката од 7 премиери во 2018 година.
