Дизелот поевтинува, цената на бензините останува непроменета
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која од вечерва на полноќ следуваат нови цени на горивата.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и според новата цена ќе чини 82 денари по литар.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР 95 и од утре ќе изнесува 84 денари по литар.
Останува иста и цената на мазутот 41,3 денари, а екстра лесното масло поевтинува за 2 денари и според новата цена ќе изнесува 80,5 денари.

