ДКСК: КАЈ АНГЕЛОВСКА НЕМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ И ИМАЛА ПРЕДНОСТ ДА НОСИ ОДЛУКИ ЗА СВОИТЕ ПАРИ

Државната комисија за спречување на корупција не утврдува кривична одговорност кај министерката за финансии Нина Ангеловска.

Претседател на ДКСК,Билјана Ивановска по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на „Еуростандард банка“ и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска, истакна дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

„Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие инфорации податоци можеле да имаат влијанеи врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.