ДО ГАЌИТЕ Е

//

После потврдената условна казна за проневерени милиони евра,Ивончето излезе од судот као гладијатор со две исечени глави во рацете. Главата на правдата и главата на моралот. Додуша таа втората глава сите ние ја губиме во текот на денот по неколку пати, и научивме да си шетаме као безглави суштества кај кои веќе не допираат овие приказни. Ние сме оптеретени со стерилниот патриотизам. Ние сме оптеретени како да му ја ебеме мајката на ближниот свој, како да се додвориме на дворските шутови кои се бават со политика. Да им лајкнеме да им искоментираме како они се најпаметни, најубави. Ние сме преокупирани дали се исполнети квотите на вработено партиско стадо кое спиело по шатори а сеуште не е згрижено од партиската држава.

Додека Ивончето си влегува со црни очила за сонце од судот, ние се жалиме за некоја ситна трошка. Ај ќе и простиме на Ивончето шефе. Ај нема да јадеме трици дека сега судот подеднакво е Сваровски ко и порано. Само дај шефе те молам, со години и бев верен на партијата. Дајте некое вработување од 250 до 300 евра месечно. Е толку чини главата на моралот во оваа земја. Ќе молчиме и ќе чекаме да ни се јават дека ни средиле у некоја институција да нишаме врата и да зимаме плата. Со гаќите на Ивончето на глаа. Со сите донации кои ни врват пред очите за болни деца за кои државата нема средства. Средствата отидоа кај Ивончето и Визарис. Кај Кочановци, и многу знајни и не знајни. Сосе патните трошоци на пратениците кои до вчера ја пеглаа Силвана Бонева. Тука бил проблемот. Сакале сите да станат Силвана Бонева.

И додека некои гнијат по занданите, кој кубел пратеник, кој пеел химна, кој му удрил бокс на Села, она типчено со полутемни цвикери и криминогена фаца, која ги исклучи радиоврските во МВР на оној крвав 27 Април,и беше главна фаца на полицијата, се шета во првиот борбен ред по маршевите на неговата му партија. Шаката криминалци парадираат во првите редови додека оние кои решија да не седат дома по влечки и го послушаа фирерот, гнијат по занданите. Кој што има да му понуди на нашево судство кое е рак рана на нашето општество. Некој ќе понуди гаќи, некој г’з! Некој и двете. Нив тоа не им проблем. За паричка и лагодност и родените мајки би си ги шетнале во бордел.

Што да правиме ние кои немаме да понудиме гаќи и милиони на системот? Што да праиме ние кои покрај се, пак ќе свртиме телефон и ќе донираме 100 денари за болното дете со расплакани очи? Што да праиме ние на кои ни се гади од она табло, оној алманах на паразити кои сложно си здрпале по 10 000 евра за едно полугодие на име патни трошоци. Кај шетаа господава? На месечината ли се качија? Донесоа ли некој проект во државава или и понатаму си ги штитат оние ешалони работници кои не знаат да уклучат компјутер и извештаи даваат на машина за куцање, со срспки букви? Колку малку прашуваме и колку малку замараме со овие прашања, малку ни е. Една работа е пострашна од криминалот кои ни врви пред очите. Тоа е нашиот молк и надежта дека ќе ни фрлат некоја трошка и ќе не замолчат.



Така теравме 27 години, овие така би да тераме уште 127. У меѓувреме, ни продаваат вафли колку НАТО и ЕУ биле за никаде. Само што не се распаднале. Шо бараме бе таму…И во право се. Европа многу брзо би се распаднале кога они би останале на местата каде што се. Ама не. Знаат дека по европски терк, Ивончето гаќите ќе си ги остаеше на пријавницa, и ќе чистеше грашок и боранија во некоја казнена установа. Европа не чини! Овде кај нас е супер дечки….

Автор: Булеварко

Претходна статија

СДСМ: ЛОЛВЕНЕЦ- УСВОЕНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРИСТАП ВО НАТО ОЗНАЧУВА ПОЧЕТОК НА НОВО ВРЕМЕ ЗА НАШАТА ДРЖАВА

Следна статија

КАМПАЊА НА МВР И РСБСП ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо