ДОБРА ВЕСТ ЗА ВАРДАР: ФФМ ГО ПРОЛОНГИРАШЕ ЛИЦЕНЦИРАЊЕТО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

/

Тоа што беше најавено уште пред една недела дека рокот за лиценцирање на клубовите за новата сезона во Европа ќе се пролонгира, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека клубовите ќе може да ги достават своите документи за финансиското работење до крајот на април, а не како што беше првично до крајот на месецот.

Пролонгирањето на лиценцирањето е плод на видео-конференцијата пред една седмица на УЕФА со сите фудбалски чинители, откако беше одложено Евро 2020, а во најава е продолжувањето на сезоната за која не се знае официјално кога ќе продолжи, поради пандемијата со коронавирус. Ова пролонгирање на лиценцирањето најмногу ќе го израдува акуелниот прволигашки лидер Вардар, кој веќе две години е во сериозна финансиска криза поради која лани не доби лиценца.

ФФМ денеска преку сооопштение на лиценцната комисија ги објави новите промени со продолжувањето на рокот за добивање на лиценца.

„Одделението за лиценцирање при Фудбалска федерација на Македонија, а во врска со постапката и главниот процес за лиценцирање на клубови за добивање на УЕФА Лиценца за учество во натпреварувања во организација на УЕФА за сезона 2020/21 и во врска со известувањето од Одделот за лиценцирање на УЕФА, ја дава следната информација:

Во врска со новонастанатата ситуација со пандемијата на вирусот КОВИД-19, како и последиците од таа ситуација, одделот за лиценцирање на УЕФА донесе одлука која се однесува на рокот за доставување на документација за исполнување на финансискиот критериум за клубовите кои аплицираа за УЕФА клупска лиценца за сезона 2020/21:

Рокот за достава на документацијата за исполнување на финансискиот критериум се поместува за 30. април 2020 година.“

За оваа промена, Одделението за лиценцирање на ФФМ веднаш ги извести клубовите-апликанти за УЕФА клупска лиценца и им даде до знаење дека рокот е поместен.



Во исто време одделот за лиценцирање на УЕФА даде и појаснување на оваа одлука во која има две под-точки, за кои исто така клубовите апликанти се веднаш известени:

  • Составот на документи кои треба да се достават за исполнување на овој критериум останува непроменет и е согласно претходно утврдениот список кои клубовите веќе го имаат добиено од своите национални асоцијации. ФФМ Правилник за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА – верзија 8
  • Моменталната ситуација на влијае на исполнување на условите од финансискиот критериум бидејки во документацијата се доставуваат ревидирани извештаи и дополнителна документација која се однесува на фискална 2019 година, односно за обврски на клубовите кои доспеваат заклучно со 31.12.2019.

За секое дополнително прашање во врска со оваа одлука на УЕФА за поместување на рокот за достава на документација, одделението за лиценцирање на ФФМ стои на располагање“, се вели во соопштението на ФФМ.

Дали поради кризата со Ковид-19 која ќе предизвика силни економски проблеми ќе донесе во следниот период и други олабаваувања преку строгите критериуми на финансискиот фер-плеј останува да се види, иако веќе медиуми во Европа најавуваат дека УЕФА нема да биде така ригорозна во овој период на криза, но за тоа ќе треба допрва да се изјаснува европската централа и да дава насоки кон националните федерации евентуално за овој проблем.

Извор: Спорт1

Претходна статија

БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ ПРЕТВОРЕН ВО БОЛНИЦА СО 3.000 ЛЕГЛА, ОДЛУКА ЗА ЛОКАЦИЈАТА ДОНЕЛЕ КИНЕСКИТЕ ЕКСПЕРТИ

Следна статија

ДИМИТРОВСКА: ДРЖАВАТА ГИ ЗАБОРАВИ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Најново од Вести