ДОБРЕ МИТРЕВ: УСТАВНИТЕ СУДИИ ГО ДОПРЕА ДНОТО, СО ПЛАТА ОД ОКОЛУ 100. 000 ДЕНАРИ СЕ ПЛАШАТ ДА НЕ ОСТАНАТ ГЛАДНИ!

//

„Како што за време на транзицијата директорите си ги приватизираа фабриките, дали дојде моментот судиите да го приватизираат судството? Дали Судскиот совет кој што треба да го контролира работењето на судовите се стави во заштита на бизнис интересите на судиите?

Уставните судии го допреа дното. Со плата од околу 100. 000 денари јасно ни порачаа дека се плашат да не останат гладни. Да се крстиш со двете раце! Што да речат обичните граѓани со плата од 10. 000- 15. 000 денари?

Господа од Уставниот суд, ви се обраќам вам со спортски жаргон: НАПРАВИВТЕ ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ! А тогаш друг почнува да ја води играта!



Дали не е време вие да ја напуштите сцената за друг да ја води играта?“, изјави Добре Митрев, член на УК на ГДУ.



Претходна статија

ТРАМП: ВИДОВ ДОКАЗИ ДЕКА ВИРУСОТ ПОТЕКНУВА ОД КИНЕСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Следна статија

КАРАКАЧАНОВ: ДЕДОТО НА ГРУЕВСКИ И БАБАТА НА ШЕКЕРИНСКА БИЛЕ МЕЃУ НАЈПОЧИТУВАНИТЕ БУГАРИ ВО ШТИП

Најново од Вести