| |

„Добредојде, Бугарија“ ќе свети на фасадата на ЕЦБ по повод влезот на Бугарија во еврозоната

Европската централна банка ќе го одбележи приклучувањето на Бугарија кон еврозоната со светлосна инсталација на јужната фасада на својата главна зграда во градот Франкфурт, пренесе БГНЕС.

Инсталацијата беше тестирана на 30 декември, и ќе биде прикажувана од 1 до 11 јануари 2026 година. Таа вклучува визуелни елементи како симболот на еврото, бугарски евро-монети и пораката „Добредојде, Бугарија“.

Проектот има за цел да го истакне значењето на проширувањето на еврозоната и да го одбележи официјалното примање на Бугарија како нејзина дваесетта членка.

Светлосното шоу ќе биде проектирано на стаклената фасада на седиштето на ЕЦБ во Франкфурт, каде што секоја вечер во текот на десет дена ќе биде испишан поздравот до земјата.

Бугарија го воведува еврото како официјална валута од 1 јануари 2026 година, откако ги исполни сите критериуми за членство и доби одобрување од Европскиот совет и Европската централна банка.

Слични Објави