Добро е што Артан Груби е свесен дека ќе издржува затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, порача ВМРО-ДПМНЕ
Добро е што Артан Груби е свесен дека ќе издржува затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби лаже и затоа растура пердуви. Кога не би лажел, требаше да одговори:
Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за ‘Бехтел и Енка’ да важи англосаксонското право? Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени? Зошто сите грешки од проектирањето на ‘Бехтел и Енка’ ќе ги плаќа државата, т.е. граѓаните?
Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската што ја презеле за зголемување на часовите на работна недела?“, прашаа од опозициската партија.

