|

ЛДП И ДОМ остро реагираат кон власта и опозицијата со поднесени амандмани за отворените листи

За нас е неприфатлив предложениот праг од 3 процента за независни кандидати на локалните избори, нашиот предлог е прагот да изнесува 0,5 проценти, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, остро реагираат ЛДП и ДОМ со поднесување на амандмани на предложениот изборен законик од страна на пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.

„Во однос на останатите поднесени амандмани ние за отворените листи бараме наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на избирачкиот список да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или пак воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на изборниот законик ги фаворизира големите партии со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас е тоа некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба четирите големи партии од власта и опозицијата“, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.

Слични Објави