|

Договорот за автопатите ќе го разгледаат кога ќе кажат датум и комисија, посочи Адеми кој топката ја префрли кај ВМРО-ДПМНЕ

Координаторот на пратениците од ДУИ, Арбер Адеми, тврди дека договорот е добиен, а од ВМРО-ДПМНЕ зависи кога ќе го разгледаат. Тој смета дека тие треба да предложат работно тело за да се состанат и да го разгледаат. ВМРО-ДПМНЕ пак остана на ставот дека сакаат копии од истиот бидејќи е на повеќе од 400 страници и треба време, како и консултации со стручњаци. Адеми тврди дека сакаат се да биде обелоденето.

„Бараме ВМРО-ДПМНЕ да предложи работно тело и ден, односно време да се состанеме односно да го разгледаме. Бегаат повеќе од една недела. Јас како координатор на ДУИ, уште на првата прес-конференција, сум предложил ден кога и како да се договориме за истата работа. Попладнето добив негативен одговор. Зошто се прави вака? Нема ништо што треба да се крие. Пред јавноста се да се обелодени. Договорот нека се разгледува“, вели Адеми.

Измените на законите предложени од него и други пратеници за коридорот 8 и коридорот 10д ќе се најдат нас едница, ако така изгласа мнозинството.

„Јас верувам дека сите пратеници и политички партии нема да се водат да направат инциденти во Собранието. Тоа нема да го дозволам и ќе направам се седницата да биде во рамки на тоа што се пропишува во Деловникот. Јас како претседател на Комисијата за европски прашања, ќе се водам од Деловник. Ќе имаме пленарна седница, па пратениците ќе одлучат дали точките ќе бидат на дневниот ред. Јас би го прекршил Деловникот ако не закажам седница на комисија. Тоа се случува со сите седници од Комисијата. Ако на пленарна пратениците одлучат да се разгледаат предлог законите, ќе се разгледаат на Комисијата за европски прашања“, рече Адеми.

Слични Објави