„Докторот од огледалото“- документарен филм за познатиот бугарски политичар со потекло од Македонија и Беломорска Тракија д-р Петар Дертлиев

//

Д-р Петар Дертлиев, останат во сеќавањето на бугарското општество како Докторот, е една од најблескавите политички личности во Бугарија по 1989 година. Заради неговиот придонес во борбата за демократија, слобода и социјална правда е одликуван со Орден Стара Планина.

„Докторот од огледалото“ го следи тешкиот пат на д-р Петар Дертлиев, чија кариера е обележана со политички прогон. И покрај неговата страшна судбина, тој останува верен на своите убедувања кога многу други попуштиле.

Д-р Петар Дертлиев е роден на 7 април 1916 г. во село Писарово, Плевен. Неговиот татко Антон е со потекло од Велес, а родот на мајка му е од Беломорска Тракија. Се објавил против македонизацијата на Пиринска Македонија. Во 1948 г. е осуден на 10 години затвор од комунистите, заради критики кон Георги Димитров и Јосиф Сталин. Казната ја отслужува во комунистичките логори во селото Венчан и на озогласениот остров Белене.

По 1989 г. ја возобновува Бугарската социјал-демократска партија заедно со Атанас Москов. Бил пратеник во бугарскиот парламент во 40-тите години на минатиот век и по падот на комунизмот во Бугарија. Умира на 5 ноември 2000 г. Во 2016 г. посмртно е одликуван со највисокото бугарско признание Орден Стара Планина.





Претходна статија

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава

Следна статија

Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар

Најново од Вести