Министерот за туризам на Бугарија му пиша на Илон Маск: Почитуван Илон, посети ја Бугарија

/

Министерот за туризам на Бугарија Илин Димитров го покани Илон Маск лично да ги посети Белаградчишките карпи. Повод стана твитот на милијардерот под фотографија на тврдината Белоградчиск, која ја спореди со пејзаж од видео игра.

„Почитуван Илон, ти пишувам од Бугарија и те поканувам да го посетиш ова место. Овде има многу други интересни места – најстарите златни предмети во светот се пронајдени во Бугарија. Дојди и види ги“, напиша Димитров на Твитер.





Претходна статија

Ковачевски: Почитувањето на јазиците е цивилизиран и напреден начин на функционирање на светот

Следна статија

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава

Најново од Вести