| |

Доведени во практична изолација, Владата на Мицкоски (сосе Филипче) се принудени да го предизвикуваат Преспанскиот договор и Преговарачката рамка

Ивон Величковски

ВЛЕН и ДУИ веќе не се во состојба да наметнуваат партиски, туку да мора да го следат интраетничкиот наратив на Албанците во Северна Македонија. Тоа се виде со прославата на „Денот на знамето“ и протестот за поддршка на хашките притвореници од ОВК.
Овие прашања за Албанците беа јасно означени како етнички, албански, неконфронтирани со прашањата на Македонците – и одделни. И со тоа неповрзани со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

На ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ им се оствари посакуваното „Албанците да не се мешаат“.
Оставени без „албанското прашање“ како погонско гориво за партиите на старо Скопје, ВМРО-ДПМНЕ (и СДСМ) одеднаш се најдоа принудени да покажат:
Дали го следат интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија за интеграција во ЕУ низ Преговарачката рамка или се враќаат на „предпреспанска позиција“.
Обете јавно или премолчано го избраа второто.
Мицкоски остана на барање „гаранции“ дека нема да има нови услови во интеграциите. Филипче му се приклучи со нудење „резолуција за црвени линии“.

А бидејќи условите не следуваат за идентитетот, туку за владеењето на правото, како и во јуни, така и сега:
▪️Софија повтори дека двете држави немаат отворени прашања и
▪️Брисел ги повтори познатите обврски што Скопје самото ги има преземено.
Со тоа ЕУ не прифати отстапување од Преговарачката рамка, а Бугарија не прифати „билатерализација“ на ЕУ-интегративните прашања на Северна Македонија.
Слободно може да се процени и дека и Брисел и Софија ја одбија „јадицата“ заедно да толкуваат дали Владата на Северна Македонија го прекршува сопствениот Устав мешајќи се во внатрешно прашање на соседна држава.
Гледајќи дека фејк темите се игнорирани, Мицкоски мораше да го вклучи и Филипче во претставата дека бегањето од уставното име на државата е „успех“ на неговата политика.

СДСМ сведен на докажување пред Мицкоски и ова мораше да го проголта и одмолчи – и плус да си ја „подвитка опашката“ по прашањето на депортирање мигранти од Обединетото Кралство.
Македонската јавност, свесна дека земјата со Преспанскиот Договор и Уставот се вика Северна Македонија, го игнорираше обидот на Мицкоски да ја испровоцира барем Атина да се спротивстави на нашите ЕУ-интеграции.
Атина, пак, нотирајќи дека „нема да дозволи фалсификување на Преспанскиот договор“, им порача на Мицкоски и Филипче дека играта е прочитана и дека ги гледа во „пакет“. Односно дека нивната координација и за ова кршење на Уставот на 🇲🇰 е прочитана и предвидлива.

Конечно, со игнорирањето на страничниот “предлог” на Белград „ЕУ да го интегрира истовремено целиот Западен Балкан“, сите земји-членки вклучително соседните – покажаа дека во 🇪🇺 нема место за внесување лажни спорови од интерес на Русија.
За премиерите и премолчаните министри за опозиција ова е јасно. И во Скопје и во Белград.
Сега на потег во Северна Македонија се политичките сили кои не се задолжени од стари обврски: да излезат со сопствена политика и понуда за ЕУ-интеграција, која што:

јасно ги прифаќа обврските од Преговарачката рамка и доследно почитување на Уставот на Република Северна Македонија.
За интеграција во 🇪🇺 согласно државните перформанси и националниот интерес, а не чекајќи на Србија.
Инаку се додека водат ваква политика и Мицкоски и Муцунски и нивните партнери во „опозицијата“ осамени ќе даваат изјави за македонските медиуми од Брисел, на тротоар. Како Груевски во 2011, карши Белата Куќа. Со сите последици потоа.

Слични Објави