| |

„ДРУГАРЧЕТО“ НА ГРУЕВСКИ БИЛ ВО БУДИМПЕШТА ЗА ДА СИ ГИ ПРЕГЛЕДА СИНУСИТЕ

-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимпешта заминав самоиницијативно на своја воља, рече Трајковски.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан” од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.

Слични Објави